ТРЕЛИНГ ДОО поседува лиценца за снабдување со електрична енергија и е активен учесник на пазарот на електрична енергија.
Балансна група
Нашето друштво ја има регулирано балансната одговорност самостојно и поседува своја балансна група. Со тоа ТРЕЛИНГ како балансно одговорна страна покрај своите потрошувачи, во балансната група може да вклучува и други учесници на пазарот на електрична енергија.
Откуп на вишок на електрична енергија од потрошувач-производител
На потрошувачите кои имаат и свое производство на електрична енергија им нудиме поволни услови за откуп на вишокот на произведена електрична енергија.
Виртуелен производител на електрична енергија
Како виртуелен производител ТРЕЛИНГ може да учествува на пазарот на електрична енергија во име и за сметка на производителите на електрична енергија од обновливи извори кои не се самостојни учесници на пазарот.
разговарајте со нас
Имате прашања? Ние сме секогаш тука за вас, да изнајдеме креативни можности за снабдување со електрична енергија по најповолни цени и услови, креирани согласно вашите потреби.
